Амбасада на Русија 🇷🇺🇲🇰 ✔

@rus_mkd · news · Russian · active

Subscribers 914 Subscribers, last 30 days: 911 → 914 +2 24h
Reach per post (ERR) 16.2%148 avg views
Posting 2.1/day last 11 hours ago
Reactions per 1K views 30.0 ❤ 👍 👏

🇷🇺 На 4 ноември, во Скопје, со поддршка на Амбасадата на Русија, Руската куќа во Белград и компанијата ЛУКОИЛ Македонија, се одржа прием на руските сонародници по повод Денот на народното единство. Меѓу гостите на настанот беа колеги од дипломатскиот кор, свештеници, бизнисмени, научници и културни дејци, новинари и бројни руски сонародници. Амбасадорот на Русија Дмитриј Зиков одржа говор во кој зборуваше за историјата и значењето на празникот и ја нагласи улогата на сонародниците во одржувањето на пријателството меѓу рускиот и македонскиот народ. Во свечена атмосфера, на активните членови на Координативниот совет на организации на руски сонародници им беа врачени благодарници од Владината комисија за сонародници во странство. Се одржа свечен концерт. На гостите на вечерта им беше претставена изложбата на Руското географско друштво „Русија во лица: Единство во различноста“.

Views over time

0501001505 Nov 09:1611 Nov 07:161165 Nov 09:16: 0 views11 Nov 07:16: 116 views
Snapshots we took after posting.
WhenViews
5 Nov 2026, 09:160
11 Nov 2026, 07:16116

Who shared this post

Posts in other channels we index that link to this one. (Forwards with a hidden source can't be traced.)

Nobody yet.