🎙 Обраќање и одговори на прашања од медиумите на Министерот за надворешни работи на Руската Федерација Сергеj Лавров по завршувањето на Советот на министрите за надворешни работи на „Групата 20“ (Атланта, 30 октомври 2026 година) 💬 Сергеj Лавров: Ја поддржуваме принципиелната посветеност на американското претседателство за деполитизација на дискусиите и фокусирање на темите што првично беа договорени како агенда на „Групата 20“. Оваа година, се разбира, станува збор за подготвителна фаза за самитот во Мајами, кој ќе се одржи во декември. Но, главните теми беа геополитичкото влијание врз економските процеси (што е важно прашање), енергетиката, храната и синџирите на снабдување – односно сето она што трпи последици од незаконските санкции, од политиката на Западот. На нашите американски „домаќини“ треба да им се оддаде признание што не се срамат да дискутираат за овие прашања и внимателно слушаат. Не знам до кој степен тоа ќе се преточи во конечните усвоени документи, но пристапот е правилен – деполитизација и сосредоточување на вистинските проблеми. Уште еден момент што Државниот секретар на САД Марко Рубио посебно го нагласи кога зборуваше за подготовките за самитот во Мајами е дека тука се претставени дваесет земји, Европската Унија и Африканската Унија. Но, одлуките што ги носиме, имајќи го предвид влијанието на учесниците на „Групата 20“ врз светската економија и нивната вкупна економска тежина, ќе ги засегнат практично сите земји. Затоа, ова секогаш треба да се има предвид. ☝️ Уште еднаш ќе повторам дека ја поздравуваме принципиелната посветеност за ваков дијалог. Работата на филалните документи на самитот во Мајами, всушност, веќе започна. Ќе има доста проблеми, бидејќи интересите се испреплетени во сите овие области – и енергетиката и прехранбената безбедност. Како влијаат конфликтите, вклучително и војната што Западот ја започна против нас преку украинскиот режим – сето тоа допрва треба да се разгледа. <...> *** Клучни тези од одговорите на прашањата: • Сметаме дека под прагматичното американско претседателство со „Групата 20“ постојат шанси да се постигнат договори што навистина ќе се спроведуваат. • Не гледаме никаква потреба во „Групата 20“ да се додаде уште еден европски глас [Полска]. Особено глас што е далеку од конструктивен. Знаете каков став зазема Полска и какви позиции редовно изнесува на меѓународните настани. „Групата 20“ треба да ги одразува тенденциите во реалната светска економија, во која сè поголемо значење добиваат земјите од Глобалниот Југ и Исток. • Разговаравме [со Државниот секретар на САД Марко Рубио] за одредени прашања од нашите билатерални односи, како и за соработката во рамките на мултилатералните форуми, вклучително и ОН, „Групата 20“ и АПЕК, чиј самит наскоро ќе се одржи во ноември во кинескиот град Шенџен. • И покрај сите наши разлики, подготвеноста и заинтересираноста на Американците за дијалог на различни нивоа и преку низа други канали, секако, може само да се поздрави. Ова е добра поука за нашите европски колеги, кои и понатаму одржуваат позиција на арогантен бојкот. • На сите им е очигледно дека Европејците сакаат да се вклучат во преговарачкиот процес [за Украина]. Јасно е дека по секоја цена сакаат да спречат овие преговори да останат исклучиво во рацете на Русија и САД. Но, најважно не е што сакаат Европејците, туку каков реален дополнителен придонес можат да дадат. • Што се однесува до преговорите во Абу Даби, можам да кажам дека тие ќе се одржат. Нашиот став е добро познат, но не е јасно со какви позиции Украинците планираат да седнат на преговарачката маса. 👉 Како што рече Претседателот Владимир Путин, ако Зеленски сака средба – нека дојде во Москва. Ние му ја гарантираме безбедноста, која, колку што разбирам, не можат да му ја обезбедат во Киев. Прочитајте го целиот текст
Амбасада на Русија 🇷🇺🇲🇰 ✔
Subscribers
914
+2 24h
Reach per post (ERR)
16.2%148 avg views
Posting
2.1/day
last 13 hours ago
Reactions per 1K views
30.0
❤ 👍 👏
Views over time
| When | Views |
|---|---|
| 31 Oct 2026, 12:14 | 0 |
| 11 Nov 2026, 07:16 | 145 |
Who shared this post
Posts in other channels we index that link to this one. (Forwards with a hidden source can't be traced.)
Nobody yet.