📄 Коментар од Амбасадата на Руската Федерација во врска со изјавата на Агенцијата за национална безбедност на Република Северна Македонија (Скопје, 29 октомври 2026 година) Клучни точки: Во Амбасадата со изненадување се запознаа со соопштението на АНБ на Северна Македонија од 1 октомври во врска со откривање во земјата на „пропагандна мрежа која е во функција на руските интереси“. Амбасадата без одлагање се обрати до МНР на Северна Македонија со барање да се организира средба на Амбасадорот на Русиjа со раководството на МНР и АНБ, со цел да се добијат разјаснувања. Одговор на соодветната нота на Амбасадата не е добиен. Решително ги отфрламе неоснованите обвинувања против нашата земја за ширење пропагандни материјали, кои, како што се тврди во соопштението на АНБ, имале за цел да „се поткопува довербата во институциите“ и „се поттикнува етничка и национална омраза и нетрпеливост“. И натаму очекуваме од страна на Северна Македониjа да даде разјаснувања во врска со јавните обвинувања против нашата земја.