Амбасада на Русија 🇷🇺🇲🇰 ✔

@rus_mkd · news · Russian · active

Subscribers 914 Subscribers, last 30 days: 911 → 914 +2 24h
Reach per post (ERR) 16.2%148 avg views
Posting 2.1/day last 14 hours ago
Reactions per 1K views 30.0 ❤ 👍 👏

🇷🇺📞 На барање на финската и норвешката страна , се одржа телефонски разговор на Претседателот на Руската Федерација Владимир Путин со Претседателот на Република Финска Александар Стуб и Премиерот на Кралството Норвешка Јонас Гар Стере (27 октомври 2026 година) Беше извршена размена на мислења за прашањата поврзани со решавањето на украинската криза, земајќи ги предвид преговорите на Владимир Путин со специјалниот претставник на Претседателот на САД Стивен Виткоф, одржани во Санкт Петербург на 21 октомври, како и контактите на Александар Стуб и Јонас Гар Стере со Стивен Виткоф и Зеленски во Осло. ❗️ Соговорниците го поздравија постигнатиот договор за обновување на трилатералните преговори меѓу Русија, Украина и САД во Абу Даби во првата половина на ноември, насочени, меѓу другото, кон прашањата за обезбедување на безбедноста на Русија и Украина по целосното завршување на борбените дејства. Владимир Путин даде оценка за актуелната состојба во зоната на конфликтот во Украина, потсетувајќи на неговите основни причини. Беше нагласено дека постигнувањето праведен и долгорочен мир е можно само со целосно и безусловно почитување на легитимните интереси на Руската Федерација. Притоа, вниманието беше насочено и кон конфронтациската политика на земјите од ЕУ и НАТО, која води кон продолжување на борбените дејства. Беа разгледани и прашањата за обезбедување на безбедноста и стабилноста во регионите на Балтичкото Море и Северна Европа. Во таа насока, Претседателот на Финска и Премиерот на Норвешка ја потврдија важноста на почитувањето на меѓународното поморско право и принципот на слобода на пловидбата. Претседателот на Русија информираше за почетокот на хуманитарната операција што се спроведува со посредство на САД во близина на руската населба Алешки, како и за воведувањето привремен „режим на прекин на огнот“ на херсонскиот правец за таа цел. Лидерите на трите земји се договорија и понатаму да одржуваат директни телефонски контакти.

Views over time

05010015027 Oct 13:1811 Nov 07:1612227 Oct 13:18: 0 views11 Nov 07:16: 122 views
Snapshots we took after posting.
WhenViews
27 Oct 2026, 13:180
11 Nov 2026, 07:16122

Who shared this post

Posts in other channels we index that link to this one. (Forwards with a hidden source can't be traced.)

Nobody yet.