🎙 Од обраќањето на Министерот за надворешни работи на Русија Сергеj Лавров на средбата со дипломирани студенти од високообразовните установи, кои за првпат се примени во дипломатската служба (Москва, 20 октомври 2026 година) 💬 Една од лекциите што ни ги оставија основачите на ОН е да не дозволиме повторно оживување на нацизмот што тие го поразија. Се чинеше дека оваа задача одамна е решена и дека сите веќе се покајале... Не! Метастазите се шират многу брзо. На многу начини, ова беше искористено како инструмент преку доведувањето на власт на нацистички режим во Украина. Претседателката на Европската комисија фон дер Лајен и други сега изјавуваат дека се „должни да останат до крај“ со Украина, бидејќи таа ги „брани европските вредности“. Тоа значи дека меѓу „европските вредности“ спаѓа и целосната забрана на рускиот јазик во образованието, медиумите, културниот простор, па дури и во секојдневниот живот. Законска забрана на цел еден јазик, кој е официјален јазик на ОН. Вистина е дека таму и понатаму на него зборуваат практично сите, дури и оние што го забрануваат. ☝️ Ова лицемерие говори само за тоа дека овие забрани не се потребни за да се искорени рускиот јазик (невозможно е сериозно да се смета на тоа), туку за максимално поткопување на руските интереси и разединување на Рускиот свет. Не постои друга земја во која е забранет цел еден јазик. Вчера во Техеран, на прес-конференција, ми беше поставено прашањето до кој степен во украинскиот конфликт се присутни идеолошки и религиозни мотиви. Одговорив дека забраната на еден јазик е случај без преседан, а фактот што Западот „молчи“ (всушност, не само што молчи, туку и ги нарекува Украинците „бранители на европските вредности“) е многу показателен. ☝️ Во Иран, каде што вчера одржав заедничка прес-конференција со министерот за надворешни работи Абас Арагчи, хебрејскиот јазик не е забранет – еврејската заедница таму се чувствува одлично, а синагогите функционираат. Во Израел не се забранети арапскиот или персискиот јазик. Има многу такви примери. Затоа, попустливоста на Западот и прикривањето на ваквата политика на Киев е доста индикативно. Да не зборуваме за фактичката забрана на Украинската православна црква, создавањето пред десетина години на некаква квазицрковна структура наречена „Православна црква на Украина“ и обидите за физичко затворање на храмовите на канонската црква. Не им успева сè, но Западот го охрабрува тоа. Да не зборуваме ни за факелните поворки, вклучително и во денешен Киев, Лавов и други градови (сигурно сте ги виделе), нацистичките симболи, повторното погребување на посмртните останки на злосторниците – бандеровските џелати – на светата земја на Киевската Печерска Лавра. Најавуваат отворање „пантеон на хероите“. Зеленски клекнува пред посмртните останки на овие подлеци, а Западот аплаудира. Не гледам никакви знаци дека на Западот ова не му се допаѓа. Напротив, во Германија, Италија и Јапонија повторно оживуваат милитаристичките расположенија. Финска, која беше наш сосед (мислевме дека е и пријател), штом нишалото се помести во спротивната насока, веднаш се преобрази – повторно излезе на површина сето она „внатрешно лице“ што некогаш ги направи Финците (како и повеќето други европски земји) сојузници на Хитлер, учесници во блокадата на Ленинград и така натаму. Затоа, оваа задача ќе остане приоритет на нашата политика. Оваа година за првпат беше одбележан Денот на сеќавање на жртвите од геноцидот врз Советскиот народ, утврден со Федералниот закон бр. 523-ФЗ од 29 декември 2025 година. Ќе се залагаме оваа тема не само да биде присутна на меѓународните форуми, туку и да добие што е можно пошироко меѓународно признание. Министерството за надворешни работи на Русија ќе го земе предвид и овој нов фактор во својата работа за спречување на повторното оживување на нацистичката идеологија. Западот секоја година ја става на гласање резолуцијата што ја иницираме за спречување на глорификациjата на нацизмот, а сите западни земји едногласно гласаат „против“. И тоа е показателно. Прочитајте го целиот текст
Амбасада на Русија 🇷🇺🇲🇰 ✔
Subscribers
914
+2 24h
Reach per post (ERR)
16.2%148 avg views
Posting
2.1/day
last 14 hours ago
Reactions per 1K views
30.0
❤ 👍 👏
Views over time
| When | Views |
|---|---|
| 26 Oct 2026, 18:35 | 0 |
| 11 Nov 2026, 07:16 | 105 |
Who shared this post
Posts in other channels we index that link to this one. (Forwards with a hidden source can't be traced.)
Nobody yet.