Амбасада на Русија 🇷🇺🇲🇰 ✔

@rus_mkd · news · Russian · active

Subscribers 914 Subscribers, last 30 days: 911 → 914 +2 24h
Reach per post (ERR) 16.2%148 avg views
Posting 2.1/day last 11 hours ago
Reactions per 1K views 30.0 ❤ 👍 👏

🇺🇳 На 24 октомври 1945 година стапи во сила Повелбата на Организацијата на Обединетите нации. Овој датум се смета за ден на основањето на ОН. Во февруари 1945 година, на Конференцијата во Јалта, лидерите на трите сојузнички сили – Сталин, Рузвелт и Черчил – донесоа одлука за свикување конференција во Сан Франциско, каде што на 26 јуни 1945 година 50 држави ја потпишаа Повелбата на ОН. Создавањето на ОН го означи почетокот на нова ера во историјата на човештвото и претставуваше закономерна последица на Втората светска војна – израз на желбата на меѓународната заедница да не дозволи повторување на слично крвопролевање, да ги решава конфликтите преку консензус и изнаоѓање компромиси. *** Русија доследно се залага за зајакнување на централната и координативната улога на ОН во светските работи. Строгото почитување на буквата и духот на Повелбата претставува неопходен услов за напредок кон изградба на помирен, попросперитетен, вистински праведен и рамноправен светски поредок. 🎙 Од обраќањето на Претседателот на Русија Владимир Путин на пленарната седница на XVI самит на БРИКС во формат „аутрич“ / „БРИКС плус“ (24 октомври 2024 година): Принципите [на Повелбата на ОН] <...> претставуваат темел на меѓудржавните односи и меѓународното право. Светската организација е повикана и во иднина да игра централна улога во одржувањето на мирот и безбедноста, како и во поттикнувањето на одржлив и континуиран раст. *** Основачите на Организацијата на Обединетите нации ја гледаа нејзината улога како центар за усогласување на дејствувањето на државите. 👉 За улогата на ОН во современиот свет прецизно се изрази истакнатиот руски дипломат, постојан претставник на Русија при ОН во периодот 2006–2017 година, Виталиј Чуркин: ОН ја докажаа својата способност да се менуваат во согласност со трансформацијата на меѓународниот систем. Во сегашниот период на турбуленции во светските работи, важно е да се зачува нивниот авторитет, заснован врз трајниот и вистински демократски принцип на функционирање – суверената еднаквост на сите држави, без поделба на оние што предводат и оние што следат. Сепак, денес Организацијата се соочува со длабока системска криза. Дополнително ја продлабочува тенденцијата кон политизација на работата на Секретаријатот. Јасниот став на Русија за иднината на ОН и можните реформи го изнесе Сергеj Лавров во своето обраќање на генералната дебата на 81. сесија на Генералното собрание на ОН (Њујорк, 26 септември 2026 година): Нашиот принципиелен пристап се состои во тоа што реформата на Советот за безбедност не може да предвидува никакви дополнителни „места“ за западните земји, особено не за Германија и Јапонија, кои тргнаа по патот на милитаризацијата и реваншизмот. Се залагаме исклучиво за зголемување на застапеноста на Азија, Африка и Латинска Америка, ги поддржуваме кандидатурите на Бразил и Индија за постојани места, со истовремено – го нагласувам ова – задоволување на интересите на африканскиот континент, земајќи ги предвид Консензусот од Езулвини и Сиртската декларација. ❗️ Ќе продолжиме да вложуваме максимални напори за целосно враќање на авторитетот и позициите на ОН.

Views over time

05010015024 Oct 17:4011 Nov 07:1612024 Oct 17:40: 0 views11 Nov 07:16: 120 views
Snapshots we took after posting.
WhenViews
24 Oct 2026, 17:400
11 Nov 2026, 07:16120

Who shared this post

Posts in other channels we index that link to this one. (Forwards with a hidden source can't be traced.)

Nobody yet.