🗓 На 15 октомври, Четвртиот комитет на Генералното собрание на ОН усвои резолуција „За спротивставување на современите форми на колонијализам“. Нацрт-документот беше подготвен од Групата пријатели во одбрана на Повелбата на ОН, со активно учество на Русија. 19 држави беа коспонзори на документот. ✍🏻 Резолуцијата има неконфронтативен и обединувачки карактер. Во неа се нагласува потребата од искоренување на неоколонијалните практики, кои вклучуваат мешање во внатрешните работи, еднострани принудни мерки, наметнување неправедни меѓународни договори и ограничување на технолошкиот развој. Овие практики претставуваат една од најсериозните пречки за остварување на целите и принципите на Повелбата на ОН и се основна причина за бројни проблеми на дневниот ред на Светската организација. Документот го поддржаа 85 држави-членки, 49 гласаа „против“, а 23 се воздржаа. Карактеристично е што меѓу поддржувачите на текстот се државите од БРИКС, Африка, Азија и Латинска Америка, додека меѓу противниците се главно земјите од „колективниот Запад“, од кои многу се поранешни колонијални сили. Покраj тоа, последните одбија да го поддржат документот, иако учествуваа во изработката на нацртот, а дел од нивните амандмани беа вклучени во неговата конечна верзија. Резултатите од гласањето јасно потврдуваат дека процесот на воспоставување на мултиполарност е во своj наjвисок степен на развоj. Ослободувањето на меѓудржавните односи од сите форми на притисок, потчинување и зависност претставува составен дел од овој процес. Светското мнозинство не е подготвено да jа прифати монополската положба на мала група земји. За него борбата против неоколонијализмот не е апстрактно прашање, туку прашање на водење суверена политика во внатрешните и меѓународните работи, зајакнување на сопствената безбедност и зачувување на националниот идентитет. ☝️ Очекуваме дека усвоената резолуција, која се темели на двете претходни тематски решениjа на Генералното собрание, ќе добие уште поширока поддршка за време на нејзиното разгледување на претстојната пленарна сесија на ГС на ОН. Ова ќе овозможи прашањето за борбата против сите манифестации на колонијализмот цврсто да се утврди како еден од клучните приоритети во работата на Светската организација.
Амбасада на Русија 🇷🇺🇲🇰 ✔
Subscribers
914
+2 24h
Reach per post (ERR)
16.2%148 avg views
Posting
2.1/day
last 12 hours ago
Reactions per 1K views
30.0
❤ 👍 👏
Views over time
| When | Views |
|---|---|
| 18 Oct 2026, 14:22 | 0 |
| 11 Nov 2026, 07:16 | 131 |
Who shared this post
Posts in other channels we index that link to this one. (Forwards with a hidden source can't be traced.)
Nobody yet.