🗓 На 15 и 16 октомври во Москва, во рамките на програмата на руското претседателство со ОДКБ, се одржа конференција на ОДКБ, ЗНД и ШОС посветена на прашањата на безбедноста во Централна Азија и Авганистан. Министерот за надворешни работи на Руската Федерација Сергеj Лавров ги претстави актуелните руски оценки за состојбата во регионот, нагласувајќи ја непроменетата посветеност на Русија за зајакнување на сојузничките врски со партнерите, за зачувување на Централна Азија како простор на мир и просперитет. Посебно беше нагласена потребата од реализација на иницијативата за формирање нова архитектура на еднаква и неделива безбедност во Евроазија, што ќе придонесе за долгорочно стабилизирање на состојбата на целиот континент. На пленарната седница на конференцијата учествуваа и Потпретседателот на Советот на Федерацијата на Федералното собрание на Руската Федерација Константин Косачев, заменик-секретарот на Советот за Безбедност на Руската Федерација Алексеj Шевцов, раководителите на извршните структури на ОДКБ, ЗНД и ШОС, како и претставници на повеќе дипломатски мисии. Во текот на одржаните дискусии беше разгледан широк спектар прашања поврзани со развојот на состојбата во регионот, вклучително и ситуацијата во Авганистан. Беше изразено заедничко мислење за потребата од натамошна координација на пристапите и продлабочување на соработката во рамките на постојните регионални и меѓународни формати, од изработка на практични предлози насочени кон ефикасно справување со современите предизвици и закани. Беше дадена висока оценка за напорите што ги преземаат ОДКБ, ЗНД и ШОС за одржување на стабилноста.
Амбасада на Русија 🇷🇺🇲🇰 ✔
Subscribers
914
+2 24h
Reach per post (ERR)
16.2%148 avg views
Posting
2.1/day
last 14 hours ago
Reactions per 1K views
30.0
❤ 👍 👏
Views over time
| When | Views |
|---|---|
| 17 Oct 2026, 18:52 | 0 |
| 11 Nov 2026, 07:16 | 114 |
Who shared this post
Posts in other channels we index that link to this one. (Forwards with a hidden source can't be traced.)
Nobody yet.