🇷🇺🇻🇦📞 Се одржа телефонски разговор меѓу Претседателот на Русија Владимир Путин и Папата Лав XIV. Упатувајќи му на Понтификот искрени желби за добро здравје и брзо закрепнување по неодамнешната операција, Владимир Путин jа истакна важноста на руско-ватиканската соработка во унапредувањето на заедничките духовни и морални вредности, како и во заштитата на христијаните и христијанските светилишта во различни региони во светот. Од двете страни беше нагласен интересот за продолжување на дијалогот меѓу Руската православна и Римокатоличката црква. При размената на мислења за ситуацијата околу Украина, Владимир Путин му се заблагодари на Папата за подготвеноста да придонесе кон решавањето на конфликтот и за напорите што ги презема на хуманитарен план. Во врска со загриженоста што Понтификот ја изрази за судбината на цивилното население во рускиот град Алешки во Херсонската област, беа дадени исцрпни појаснувања за одговорноста на киевскиот режим за тешка хуманитарна состојба што се создаде таму. Беше поддржана намерата на Ватикан да придонесе кон создавање услови за обезбедување на безбедноста на населението во градот и за организирање на витални испораки. Беше договорено заемно дејствување во таа насока. Разговорот се одвиваше во конструктивен дух и во атмосфера на заемно почитување.
Амбасада на Русија 🇷🇺🇲🇰 ✔
Subscribers
914
+2 24h
Reach per post (ERR)
16.2%148 avg views
Posting
2.1/day
last 12 hours ago
Reactions per 1K views
30.0
❤ 👍 👏
Views over time
| When | Views |
|---|---|
| 17 Oct 2026, 17:37 | 0 |
| 11 Nov 2026, 07:16 | 100 |
Who shared this post
Posts in other channels we index that link to this one. (Forwards with a hidden source can't be traced.)
Nobody yet.