На 10 септември, на фасадата на Амбасадата на Русија беа поставени материјали од изложбата на Руското военоисториско друштво „Кримско злато: „цивилизирана“ Европа ги ограбува руските богатства“. Изложбата прикажува уникатни артефакти откриени на полуостровот за време на повеќегодишни археолошки експедиции. Наодите многу години се чуваа во музеите на Крим, но во 2014 година беа испратени во Холандија за изложба. Тие остануваат нелегално чувани од страна на киевскиот режим и неговите поддржувачи од „колективниот Запад“, кои прават сè што можат за да го спречат нивното враќање во нивната Татковина.