🎓 На 2 септември, Амбасадорот ма Русија Дмитриј Зиков одржа средба во Скопје со руските филолози, македонисти, учесниците на 59-тата Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, кој се одржуваше во Охрид од 19 август. Рускиот преведувач Ољга Панкина и студенти од Московскиот државен универзитет „Михаил Ломоносов“ зборуваа за своето учество на настанот.